На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 504 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 59 во ковид центарот во Гостивар 25, а во Струга 31 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 56 пациент, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 26, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Велешанец во Аеродром пробал да ја силува во возило, побегнал откако таа го мавала со раце и нозе и гласно викала за помош
-
Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите