На Ибеј понудена нацистичка машина за шифрирање
Примерок од една од историските машина со чија помош Хитлер разменувал пораки со своите генерали, е пронајдена во англиската област Есекс.
Вработени во британскиот технички музеј „Блетчеј Парк“ ја пронашле машината „Лоренц“ на Ибеј, каде била огласена за продажба како „телеграфска машина“ за цена од 13,9 долари.
Еден од вработените во музејот отпатувал во градот Саутхенд, каде машина во нејзината оргинална кутија била пронајадена во една шупа и ја откупил од новите сопственици за 14 долари.
Машината функционирала на тој начин што во неа се внесувале пораки на германски јазик, а потоа се шифрирале со помош на 12 копчиња со различни симболи.
Според претставник на музејот, „Лоренц“ е многу поголема од позната машина за шифрирање пораки од времето на Втората светска војна „Енигма“.
Ново на Сител
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет