Македонија
14. April 2017 - 8:22

На граничните премини нема подолги задржувања

На  граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози,  а интензитетот надвор од градските средини е умерен.  

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Според АМСМ, во клисурите и засеците е можна почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.