Македонија
1. August 2019 - 18:35

На граничните премини без подолги задржувања

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот се одвива по суви коловози. АМСМ, сепак, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.