Македонија
7. March 2021 - 12:42

На Граничниот премин „Табановце“ бил приведен државјанин на Франција за непријавен престој во државата

На 06.03.2021 во 13,25 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен М.Т.(49) државјанин на Р.Франција, бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека лицето е со непријавен престој во државата, со што сторил прекршок од Законот за странци.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.