-->
-->
На гласачкото место 0543 во Дебар до 15 часот гласале 51,4 отсто од избирачите
-->
Во попладневните часови видно е зголемена излезноста на граѓаните на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се повторува гласањето.
– До 15 часот правото на глас го искористија 400 граѓани што е 51,4 отсто од вкупно запишаните 777. Споредбено со првиот круг излезноста е поголема за 22,6 отсто. На 17 октомври на ова гласачко место до 15 часот гласаа 224 или 28,8 отсто од вкупно запишаните, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.
Изборниот тек, додава тој, се одвива без проблеми и со запазување на мерките за заштита од Ковид-19.
На ова гласачко место, сместено во дебарската гимназија, се повторува гласањето и за градоначалник, за што во трка се тројца кандидати и за советници, за кои кандидатски листи имаат пет политички субјекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење