Loading Video...
Тенис
12. January 2022 - 14:11

На Ѓоковиќ му се заканува затворска казна од 5 години!

Иако веќе трет ден се подготвува за атак на нов трофеј на Австралија Опен, сепак сагата на најдобриот светски тенисер Новк Ѓоковиќ, продолќува
 
Не само што сеуште не знае дали австралиските власти односно министерот на имиграција ќе даде зелено светло првенствено за престој, а потоа и настап на Австралија Опен, на Новак Ѓоковиќ сега му се заканува и казна затвор од 5 години. 
 
Имено Ѓоковиќ призна дека ги прекршил правилата за изолација додека бил позитивен на ковид 19, односно дека два дена откако бил тестиран и потврден дека е позитивен, имал интервју за францускиот „Ле екип“, 
 
Објаснувајќи ја целата постапка од моментот на тестирање до моментот на добивањето  на резултатите, Ѓоковиќ имал и средба со млади тенисери од Србија. 
 
Иако изрази жалење за неговата постапка, сепак тоа нема да го амнестира од лажната изјава која ја дал на австралиските власти при влез во оваа земја. 
 
Министерот за имиграција на Австралија, кој има дискреционо право да му ја укине визата, најави дека одлуката ќе ја донесе деновиве, кога треба и да ги има сите детали од истрагата на властите. 
 
Имајќи ги во предвид австралиските закони, најдобриот светски тенисер сега се соочува со уште поголем проблем, односно пет години затвор, колку што предвидува најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија.