На Франција веројатно и се заканува блокада и мрак
По интервенцијата на силите на редот за деблокирање на депоата за гориво, синдикатот СЖТ повика на штрајк во рафинериите и прекин со снабдувањето на бензиските станици со гориво, јавува дописникот на МИА од Париз.
Блокадата на депоата веќе предизвика прекин на синџирот за снабдување со гориво, па повеќе бензиски станици се без гориво, а таму каде што има, продажбата е ограничена на 20 литри по автомобил.
Почетокот на штрајкот на рафинериите беше следен со повик за штрајк во нуклеарните централи со што може да дојде до прекин со снабдувањето со електричната енергија.
Вработените во нуклеарната централа во Ножан сур Сен, на стотина километри југо-источно од Париз веќе изгласаа штрајк и прекин на работата.
Првиот синдикат во РАТП (париското метро и воопшто јавниот превоз) СЖТ, ги повика вработените на неограничен штрајк започнувајќи од 2 јуни, а ист повик добија и вработените во контролата на летањето, само неколку дена пред почетокот на Евро2016.
Повикот за штрајк и актуелните штрајкови е мотивиран од донесувањето на измените во законот за работни односи. Синдикатот бара повлекување на новиот закон, како и повторно отворање на преговори за личните примања.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид