На две ипол илјади мигранти издадени барања за азил во изминатите 24 часа
Вкупно 2.515 мигранти добиле потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право за азил во изминатите 24 часа.
Од нив, 1.554 се мажи, 346 жени, 370 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 245 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија - 1.730, по што следуваат оние од Авганистан – 394 и Ирак - 289.
Досега вкупно се издадени потврди на 102.753 мигранти од кои 68.085 мажи, 13.888 жени, 17.336 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 3.444 деца кои патуваат без родител.
Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, а од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска поднесени се вкупно 50 барања од кои 37 се од државјани на Сирија, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.
Во Прифатниот центар за баратели на азил во неделата се регистрирани шестмина, сите мажи, а две малолетни лица без придружба и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
За време на викендот од страна на мобилните екипи на Црвениот крст укажана е прва помош на 2.184 лица, а дистрибуирани се и вода, пакети со храна и хигиенски средства.
Ново на Сител
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-
Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова