Македонија
25. May 2020 - 16:46

На денешен ден се славеше најпопуларниот празник во Југославија, денот на младоста

Цела Југославија го славеше 25 мај како негов роденден, но Јосип Броз всушност е роден на 7 мај 1892 година во Кумровец. Легендата вели дека датумот е избран бидејки Тито сметал дека тоа е неговиот втор роденден. На 25 мај 1944 Германците извршиле десант на Дрвар каде се наогал штабот на НОБ. Со брза реакција и со помош на британската војна мисија, Тито успеал да се извлече и оттогаш тој ден е прифатен како негов вистински роденден.

Традицијата со штафетата почнала  веднаш по војната. Иницијатива  потекнала од младите на Крагујевац и била врачена во Загреб. Наредните години штафетата прво патува низ целата земја за на крај да стигне до Белиот Двор во Белград. Во 1957-ма година,  25 мај и официјално бил прогласен за Ден на младоста. Со ова стартуваа и свечените слетови на стадионот ЈНА во Белград после кои штафетата секоја година лично му се предавала на Маршалот.

Последната штафета ја врачала  младинката од Косово и Метохија Саниа Хисени. По смртта на Тито , штафетата на младоста  успеала  да преживее уште неколку години. Во 1987 година  штафетата била  направена од плексиглас, со осум капки крв симмболи на 6-те републики и двете покраини, пророштво кое навистина оствари, крвав крај на Југославија што за Тито додека беше жив беше непојмливо. Во 1988 година беше направен последниот слет со што штафетата дефинитивно замина во историјата, а Југославија по три години ке ја зафати воениот виор.