-->
-->
На денешен ден Нико Нестор го преплива Ла Манш
-->
На денешен ден 9. септември 1959 година Нико Нестор го преплива славниот канал Ла Манш со што стана првиот Македонец кој го направил овој подвиг.
Нестор беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставија основите на македонското маратонско пливање.
На 19 август 1958 година година Нико Нестор стана првиот пливач што го препливал Охридското Езеро од Св .Наум до неговата родна Струга.
„Страв не чувствував. На целта стигнав прв, во местото Сен Маргет, на британскиот брег и покрај тоа што осеката често ме влечеше кон каналот. Излегов свеж, на нозе. Заморот не го чувствував. Како воопшто да не сум пливал“, вели Нестор во интервју за Нова Македонија од 2009 година.
Англискиот печат пишува за Нико Нестор како за прв човек „од зад железната завеса“ кој успеал да го преплива Ла Манш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР