Македонија
8. јуни 2017 - 13:57

На брегот на реката Брегалница пронајдено е починато непознато женско лице

На 07.06.2017 година во 06.50 часот во ПС Штип било пријавено дека на брегот на реката Брегалница, во близина на бањата „Кежовица“, е пронајдено починато непознато женско лице. При увидот на местото нанастанот било утврдено дека починатата е  А.Б. (61) од Штип. Смрт без траги на насилство е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Штип и патолог. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.