Македонија
25. February 2024 - 13:05

На Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК

На 24.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека евидирал во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол, соопшти МВР.

По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово. С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“-Косово.