Фудбал
16. April 2023 - 19:52

На Арсенал и два гола предност му се малку за успех

Главниот кандидат за шампионската титула Арсенал,, загуби уште еден значаен чекор кон остварување на целта откако прокоцка водство од 2-0 во градското дерби со Вест-Хем дозволувајќи домаќинот да го избегне поразот со конечни 2-2. 
Разочарувањето за топџиите да биде поголемо се погрижи и Саха кој промаши пенал во вториот дел. Инаку  претходно Жезус и Одегард постигнаа по еден гол за водството од 2-0.  
Веднаш потоа Бенрахма  покажа како се изведува удар од 11 метри и го ублажи водството на тимот на Артета
По промашениот пенал на Сака во  10-=тата минута од вториот дел  Боувен одлично се снајде и им обезбеди израмнување на Чеканите  кои во финишот имаа шанса и за целосен пресврт но  погодија само пречка.