На Американците наскоро тревниците ќе им ги косат роботи
Американските потрошувачи се поблиску до иднината во која за тревниците и градините ќе се грижат роботи, откако регулаторната комисија го одобри барањето на компанијата „Ајробот“ за продажба на роботска косилка.
Компанијата „Ајробот“, која е позната по автоматизираната правосмукалка „Ромбо“, дизајнира роботска косилка која по безжичен пат се поврзува со антени кои ја означуваат површина што треба да се коси.
Токму поради овие антени, високи 60 сантиметри, и беше потребно одобрение од Федералната комисија за комуникација, бидејќи постоеше загриженост дека нивниот сигнал ќе се меша со приемот и преносот на податоци на уредите кои ги користат истите фрефквенции.
Комисијата во средата го одобри користењето на на новата технологија на „Акробот“ и на компанијата и овозможи да користи широкопајсен спектар за развој на производот во категоријата автономни косилки.
Ново на Сител
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот