На „Ало докторе“ 1.530 повици за една недела
Во изминатата недела се регистрирани 1.530 повици за медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123), а од почетокот на отворањето на линијата 89.114, информира денеска Здравствен дом Скопје.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.
- На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Здравствен дом Скопје.
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари