На Аљаска се урна американски авион Ф-35, пилотот се катапултирал и спасил
Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска во вторникот, а пилотот се катапултира и е безбеден, соопштија претставници на базата.
Пилотот доживеал „неисправност во текот на летот“ и можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило.
Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.
Воздухопловната база Ајелсон во соопштение посочи дека инцидентот во вторникот попладне резултирал со „значителна штета“ на авионот F-35 Lightning II. „Пилотот е безбеден и е префрлен во воената болница Басет“, се вели во соопштението.
„Ве уверувам дека воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави ќе спроведат темелна истрага со надеж дека ќе ги минимизираат шансите ваквите настани повторно да се случат“, се вели во соопштението на Таунсенд.
Ф-35 е најскапата одбранбена програма на САД и најголемиот генератор на приходи на Локхид Мартин, кој придонесува со околу 30 отсто во вкупниот профит. Локхид претходно во вторникот соопшти дека ќе биде помалку профитабилен од очекуваното во 2025 година, делумно поради одложеното воведување на надградби на Ф-35.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд почнува судењето на Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева
-
Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
-
Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка
-
Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
-
Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари