На албанската државна телевизија честитка и на македонски јазик
На албанската државна телевизија денеска ќе биде емирувана новогодишна честитка на македонски и на јазиците на етничките заедници, српски, грчки, влашки и ромски.
Честитката ќе биде емитувана во централната инфромативна емисија- Дневник, во16 и во 20 часот. Неа ќе ја упати Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинства при албанската Влада, како претствник на македонската етничка заедница.
- Новогодишните празници се време кога си ги потврдуваме нашите искрени честитки. Ги испраќам моите најискрени желби да им ја честитам Новата 2016 година на сите Македонци било каде и да се, и на сите граѓани на Република Албанија. Ви посакувам добро расположение за време на новогодишните празници, со желба за добро здравје, среќа и уште поголеми успеси во годината што доаѓа. Етничката припадност и политиката да ја тргнеме на страна, да ни биде второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите заедно , само така можеме да изградиме подобра иднина за сегашните и идните генерации, стои во честитката на Китани, претставник на Македонците во комитетот, чиј прв човек е гркинката Констандина Бежани.
За првпат честитка и на македонски јазик беше емирувана лани, што Китани го оцени како историски чин.Тој се надева дека во новата година ќе почне и емитување еднаш неделно информативни и други емисии за животот, културата и традициите на малцинствата.
Ново на Сител
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност