Свет
18. May 2024 - 10:27

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

Аеродромот по два часа повторно почна со работа, но можни се доцнења на некои летови.

Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции.

Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови.