Балкан
12. January 2022 - 11:10

На 48-годишна возраст од срцев удар почина новинарот Игор Каранов

На 48 години ненадејно почина новинарот Игор Каранов.

Причината за смртта на познатиот новинар, блогер и водител е срцев удар, јавуваат белградските медиуми.

Кариерата ја започна во новосадскиот „Дневник“, а долго работеше и во Адрија Медија Груп за магазините „Свет“, „Пулс“, „Глорија“, „Плејбој“, „Ел“ и „Стори“. Имаше и популарен блог на страницата AllMe, автор е на четири книги, а слабост му беше боречката вештина аикидо. Неговиот последен ангажман беше во телевизијата „Инсајдер“.

Каранов беше татко на три деца.