Балкан
18. October 2016 - 12:11

На 200 километри од Битола над 20 земјотреси, сите од 4 до 5,5 степени!

Серија од дваесетина земјотреси во околината на Јанина (оддалечена од Битола 240 километри) викендов ја погодија Грција, сите со силина од над четири степени според Рихтеровата скала, а четири од нив со сила од пет до 5,5 степени според Рихтер. Истовремено, земјотрес со сила од над пет степени е почувствуван и во Црното Море во близина на Бугарија. 

Најсилниот земјотрес во Грција, тој со сила од 5,5 степени се случи во саботата вечерта во 22.14 часот по македонско време (Грците се еден час понапред) и потоа по 23 часот, во интервал од 30-ина минути, следуваа уште три земјотреси со сила од над 4 степени.