На 17 март ЕК ќе ја претстави „зелената електронска пропусница“ за оние кои се вакцинирани против Ковид
Европската комисија ќе го претстави својот прв проект за создавање пасоши за имунизација во ЕУ на 17 март, соопшти на брифинг во Брисел официјалниот портпарол на Комисијата Ерик Мамер.
Тој објасни дека одлуката за нивна практична примена, вклучително и на меѓународно ниво, земјите-членки на ЕУ ќе ја донесат подоцна.
Мамер исто така истакна дека документот нема да се нарекува пасош, туку „зелена електронска пропусница“.
Земјите-членки ќе разговараат за усвојување на документот предложен од Европската комисија, но нема да ги дискриминираат граѓаните на ЕУ кои не се вакцинирани против коронавирусот.
На Самитот одржан кон крајот на февруари, европските лидери се согласија да продолжат да работат на создавање пасоши за имунизација во наредните месеци.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка