-->
-->
МЗТ Скопје со реакција: „Нема да учествуваме во алиби-гласањето организирано од Антиќ“
-->
На денешен предлог на КФСМ, околу можната разврска на прекинатото првенство, за кое прволигашите треба да се произнесат утре, доаѓа новата реакција на шампионот МЗТ Скопје Аеродром, во кој сино-белите сметаат дека е направена целост грешка во процедурата од Статутот, односно дека Здружението на прволигашите, нема ингеренции за ваква одлука, а истата може да ја донесе само Управниот одбор
„Актите се јасни и децидни... Поради процедуралната грешка, но и фактот што веќе на 19 март нашиот клуб го искажа својот став околу крајот на првенството, двата елитни тима на МЗТ Скопје Аеродром нема да учествуваат во ова алиби-гласање организирано од Антиќ со цел да ја добие војната со замислениот непријател, без разлика што со тоа и штети на македонската кошарка во целост. Нашиот став останува ист, а тоа е запазување на спортскиот сегмент дури и во овие тешки времиња, но пред се со почитување на актите и на процедурата“, се вели во соопштението на аереодромци.
Инаку, како што најави Антиќ во интервјуто за Сител телевизија, за утре преку видео-конференциска врска, прволигашите ќе треба да се одлучат за едно од двете понудени решенија на федерацијата, како да се стави крај на сезоната.
Прв предлог: Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи
Втор предлог: Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи
Ве молиме да ги разгледате двата предлога, и утре 29.04.2020 година (среда) со почеток во 11.30 часот, на видео конференција да го дадете својот глас.
Напомена: Ќе се гласа по дадените предлози, и ќе се усвои предлогот со најголем број на гласови.
Доколку при гласањето од присутните претставници има изедначен број на гласови, КФСМ ќе го даде последниот глас за начинот на завршување на натпреварувањето во Првата лига-мажи.
Антиќ поразен од својот Управен одбор сега спасот го бара кај прволигашите!
Перо Антиќ како кошаркар секогаш атакуваше на победа, без разлика дали тоа било во клупскиот или репрезентативниот дрес. Желбата да се атакува на победа по секоја цена и без разлика на последиците дефинитивно останала кај Перо Антиќ и при вршењето на функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Но, ако ваква карактерна особина е посакувана кај играч, таа е проблематична и погубна за било кој спортски работник.
Како поинаку да се сфати неговиот последен потег топката за разрешницата на сезоната да се префрли кај прволигашите и тоа откако тие веќе еднаш го кажаа својот став, а особено откако членовите на неговиот Управен одбор (УО) се изјаснија по ова прашање. Министрите, кои тој самиот ги предложи и постави во својата влада, пред само неколку дена, со 80% од гласовите според нашите информации, се изјаснија за предвремен крај на првенството во сите лиги, со прогласување за шампиони на првопласираните екипи во моментот и без испаѓање од сите конкуренции.
Тоа значи прогласување на МЗТ Скопје Аеродром за првак и проширување на елитата со двата најдобри тима од Втората лига, нешто што очигледно не му е по ќеиф на Антиќ, од кои причини навистина не знаеме. Поради тоа што не му беше остварена желбата односно не му беше прифатен наметнатиот став за поништување на сѐ што беше одиграно сезонава, првиот човек на КФМ реши да ги игнорира своите први соработници во сопствената „Влада“ и да се сврти кон прволигашите. Сега, од нив бара итно да гласаат за две понудени опции кои тој самиот ги смислил, иако пред нешто повеќе од еден месец, на видео-состанок на 19 март, клубовите веќе ги искажаа своите мислења и ставови.
Со ова, Антиќ направи не само грешка во чекори, туку во исто време и двојно водење на топка, прекршок во напад и петта исклучувачка лична. Во целост ја утна процедурата од Статутот на КФМ, во кој јасно е наведено кое тело какви одлуки може да носи. Ова што го бара е амин од Здружението на прволигашите, кои има ингеренции само да дава советодавни мислења до Управниот одбор, без можност да носи било какви одлуки. Особено не за вакви круцијални прашања за сезоната, кои би имале импликации за македонската кошарка на подолги стази. Актите се јасни и децидни за тоа кој го има последниот збор за сите важни работи поврзани со овој спорт кај нас, а тоа не се клубовите (пред сѐ поради личните интереси кои би ги имале во дадена ситуација), туку тие што се избрани да го предводат макбаскетот – членовите на УО на КФМ.
Поради процедуралната грешка, но и фактот што веќе на 19 март нашиот клуб го искажа својот став околу крајот на првенството, двата елитни тима на МЗТ Скопје Аеродром нема да учествуваат во ова алиби-гласање организирано од Антиќ со цел да ја добие војната со замислениот непријател, без разлика што со тоа ѝ штети на македонската кошарка во целост. Нашиот став останува ист, а тоа е запазување на спортскиот сегмент дури и во овие тешки времиња, но пред сѐ со почитување на актите и на процедурата.
Воедно, страв ни е што ако претседателот на КФМ не биде задоволен и од начинот на кој ќе гласаат клубовите, како што очигледно не е задоволен од мислењата кои ги доби од членовите на својот УО. Дали тогаш Антиќ ќе донесе одлука за анкетирање на случајни минувачи во близина на Куќата на кошарката и бележење на нивните гласови сѐ додека не го добие посакуваниот резултат.
Како тргнала работата и такво нешто не би нѝ изненадило од некогаш големиот кошаркар, а сега изгубениот во процедурите и во актите претседател на КФМ.
Скопје, 28.04.2020 КК МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
-
Состојба на патиштатa