-->
-->
МЗТ Скопје против Широки Бријег атакува на петата победа пред својата публика во АБА2
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одигра осмиот натпревар во регионалната АБА2 лига.
Аеродромци пред своите симпатизери во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат тимот на Широки Бријег од БиХ.
„Играме против екипа која е физики на високо ниво, која игра агресивна одбрана и која е одлична во транзиција. Тоа е тим кој минатата сезона беше шампион на БиХ, што доволно говори за нивниот квалитет и сериозност. Очекувам максимална ангажираност од моите играчи и се надевам дека на идентичен начин ќе одговориме на нивната агресивност. Би сакал да имаме голема поддршка од трибините, која мислам дека многу ќе ни значи на овој натпревар“, вели Ѓорѓи Кочов тренерот на МЗТ.
Со пет победи и два порази екипите на МЗТ Скопје и Широки Брјег се на делба на петтото и шестото место на таблета, па тимот кој вечерва ќе победи има можност да се пробие на втората позиција, зад лидерот Борац кој има скор 7-1.
Македонскиот шампион досега на четирите средни на домашен терен е непоразен, па со право во таборот на Аеродромци се надеваат дека максималниот учинок ќе остане и по вечерашниот меч со Широки Бријег што ќе започне до 19 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија