МЗТ брка победа против Спарс за пласман во финалето на АБА-2
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра вториот меч од полуфиналната плејоф серија во АБА-2 против босански Спарс, а со победа ќе се пласира во финалето на регионалното кошаркарско натпреварување.
Во првиот натпревар во четвртокот, кој се одигра во Сараево, македонскиот тим победи со 70-71, со кош во последната секунда на Лестер Медфорд, иако во еден момент „металците“ губеа и со 17 разлика.
Во пресрет на денешниот дуел, тимот на Ѓорѓи Кочов имаше добра проверка во петокот, откако го совлада Куманово со 76-72 во домашното првенство.
Во исто време, Спарс имаше само неколку дена да се опорави од шокантниот пораз на домашен терен и да се подготви за најголемиот тест во оваа сезона. Ако босанскиот тим успее да победи вечерва, третиот натпревар ќе се игра повторно во Сараево.
Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Приморска и Борац Чачак, откако првиот меч го доби словенскиот тим со 78-59. Натпреварот број 2 се игра во истиот термин во Србија.
Ново на Сител
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот
-
Царинската управа за една година наплатила над 177 милиони евра
-
Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани