-->
-->
MЗТ: Бесплатен влез за дуелот со Н.Новгород
-->
Управата на МЗТ Скопје Аеродром како благодарност за поддршката која ја имаа сино-белите кошаркари во вчерашната победа над Будуќност, донесе одлука за бесплатен влез за сите на задутрешниот дуел против рускиот тим Нижни Новгород, кој со почеток во 19 часот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“.
Тоа е меч од 9. коло од Еврокупот, кој воедно е наш последен дуел на домашен терен во ова елитно натпреварување, што ни беше само дополнителен мотив за отворање на вратите од спортскиот центар. Воедно, би сакале да ги повикаме сите наши навивачи и симпатизери да дојдат на средбата во среда и да им помогнат на избраниците на тренерот Анте Назор да ја забележат првата победа во Еврокупот.
Прикажаната енергија и начинот на кој беше одиграна средбата против Будуќност дава надеж дека доаѓаат подобри денови за МЗТ Скопје Аеродром, но и покажа дека секогаш е многу полесно кога се има ветер в грб од трибините. Затоа, задутре, сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“ и со заеднички сили да пробаме да го совладаме силниот гостин од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот