МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека институциите задолжени со акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.
- И во изминатава недела, секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерството за внатрешни работи продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. Од вкупно 1.859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово - 195, во Охрид - 383, во Битола - 429, во Велес - 102, во Куманово - 150, во Штип - 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата - 178, се појаснува во соопштението на МЖСПП.
Податоците од направените контроли, како што се додава, покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?