МЖСПП: Првата тура опасен историски отпад од „Охис“ пристигнат во Базел
Според податоците добиени од „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје, на 14 јануари годинава се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак четири буриња со акрилонитрил, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Оттаму посочуваат дека вкупната нето количина на хемикалијата во бурињата изнесувала 15.800 килограми од кои 15.120 килограми се отпаден метанол, а 680 килограми отпаден акрилонитрил.
– Нотификацијата од овој извоз е заверена на вкупна бруто количина вклучувајќи ги и палетите и пакувањето/бурињата со вкупен износ од 16.700 килограми. Истата е заверена од компанијата „Валорец Сервисес“ АГ од Базел (Valorec Services AG Basel) на 21 јануари годинава кога камионот е пристигнат и истоварен, информира Министерството.
Од страна на Државниот инспекторат за животна средина во саботата, на 25 јануари, како што соопшти МЖСПП, е извршен вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, при што е констатирано дека од страна на фирмата „Екоцентар“ од Скопје е направена припрема и утовар и на втора тура историски отпадни хемикалии кои се извезуваат надвор од границите на државата.
Истата, додаваат во соопштението, на 27 јануари е излезена од државата и патува за Базел. Со втората пратка се извезени 88 буриња со нето тежина 15.441 килограми метанол.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор