МЗ: Во Клиничката болница во Битола ставен во употреба нов апарат SPECT-CT гама камера
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ја посети Клиничката болница во Битола. Во рамки на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, беше дониран нов апарат кој ќе служи за функционални испитувања на тироидната жлезда, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања.
Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница.
Министерот Филипче оствари средба и со директорката на болницата д-р Билјана Гагачовска, на средбата разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење, за процесот на вакцинација, за пуштање во функција на одделот за онкологија кој ќе биде опремен со апарат за комјутерска томографија за симулација, кој е планиран да започне со работа на почетокот на следната година.Со отворањето на одделот за онкологија ќе се олеснат условите за лекување на пациентите од овој крај.
Битолската болница може да се пофали и со висок опфат на вакциниран персонал помеѓу 75% и 80% , што е одличен знак дека персоналот во оваа болница е добро заштитен.
Министерството за здравство постојано се залага за иплеметирање на современи стандарди во здравствениот систем како и грижата за здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар