МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.
- Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, се наведува во соопштението.
Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во „Систина“, според податоците на Министерството.
- Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти, тврдат од Министерството.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички