МЗ – Лекарска Комора ќе ги испитува случаите за кои ДСЗИ иницираше стручен надзор
Министерот Филипче побарал од Лекарска Комора да формира стручна комисија за случајот со смртта на 41 годишната пациентка во штипската болница, но и за уште неколку случаи за кои по завршениот инспекциски надзор од ДСЗИ е побарано да има и стручен надзор.
-По завршениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, министерот за здравство д-р Венко Филипче, побара од Лекарска комора да направи стручен надзор. На почетокот од неделава до ЛК беа испратени предмети и за други случаи. Откако ќе заврши стручниот инспекциски надзор на ЛК, во рок од 8 дена треба да биде доставен извештај до Министерството за здравство, ни одговорија од МЗ.
Денеска директорката на ДСЗИ изјави дека во тек се 9 надзори за смртни случаи кај помлади пациенти кои починале во болниците поради Ковид-19.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости