МЗ: 38 отсто имунизирани граѓани со две дози
Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера се аплицирани вкупно 1.675.793 дози вакцини. Вакцинирани се вкупно 822.751 граѓани, ревакцинирани 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. Педесет и седум проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, се наведува во соопштението од МЗ.
Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 како прва доза, 1 163 се ревакцинирани, а 2 061 граѓани примиле трета доза вакцина.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима