МВР: Забранети се собирања на отворен и затворен простор за време на празниците
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека е забранета организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување каков било друг тип прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.
Од МВР информираат дека оваа забрана е согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РМ, број: 298 од 16.12.2020 година).
-Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk
МВР, велат оттаму, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.
Ново на Сител
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник