-->
-->
МВР: Војнички ранец на сојузничката армија паднал на кров во Неготино, штетата ќе биде надоместена
-->
Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во ОВР Неготино, од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на Мултинационална вежба, “Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино, појасни Самарџиев.
Тој нагласи дека предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“