Македонија
26. October 2021 - 21:14

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, локалните избори се целосно слободни и демократски

ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата.

Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела,  на вториот круг од локалните избори.

 

МВР