-->
-->
МВР со детали за убиството во Чаир
-->
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.М. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
На 20.01.2018 година на улица „Дижонска 22“ во Скопје, Ж.К. (41) при вербална расправија со Ш.М. во врска со украдени работи за кои што оштетената се сомневала дека ги украл пријавениот, го испрскала со спреј – солзавец, по што зела стап и почнала да го удира по глава.
Во еден момент, Ш.М. замавнал со нож кон оштетената и и нанел убодна рана во пределот на стомакот. Откако оштетената била преземена од Итна медицинска помош, медицинските лица во амбулантното возило констатирале смрт.
По извршен службен разговор со пријавениот, тој ги појаснил околностите под кои го извршил кривичното дело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил