МВР: Работиме на расчистување и утврдување на причините за вчерашната сообраќајка
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата на РСМ. Како што веќе информиравме, вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци итн. Во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена.
Ново на Сител
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска