Македонија
10. December 2020 - 13:18

МВР: Прекини во функционирањето на системите за лични документи поради дефект

Поради миграција на одредени системи вчера и денеска во претпладневните часови се појавија краткотрајни прекини на функционирањето на системите за лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, службите задолжени за одржување на системот работат на откривање и решавање на дефектот што предизвикува прекин во системот.