Македонија
7. March 2024 - 17:43

МВР: Обрасци за издавање пасоши има за до средината на мај

Обрасци за печатење пасоши има за до средината на мај тврди министерот за внатрешни  но тоа не е доволно за сите кои чекаат нови документи. Тошковски вели не е точно дека многу се чека за подигање на документи, како што тврдеше неговиот заменик кој побара процесот да го испита внатешната контрола во МВР. Министерот вели, напротив бројот на издадени патни исправи е дуплиран во споредба со претходно.

Само за овој месец во Скопје се закажани  термини за фотографирање на над 100 000 граѓани вели Тошковски. Хаосот кој го создале неговите претходници,  го решил за кратко време со зголемување на капацитетие.

Според статистиката која ја објави министерот Тошковски, во февруари се издадени 57 549 пасоши.