МВР: Непознато лице влегло во домот на доктор Вело Марковски
Полицијата го потврди обидот за разбојништво во домот на докторот Вело Марковски. Како што јавува МВР, настанот се случил вчера вечерта
„На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.“ – стои во краткото соопштение на полицијата.
Информацијата за Сител ја потврди и Марковски но не сакаше да открива повеќе детали.
Вело Марковски од почетокот на кризата ги критикуваше мерките со кои надлежните институции се борат со пандемијата на корона вирусот.
Од неодамна тој е избран да биде член на највисокото партиско тело на опозицијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%