МВР: Нема обид за киднапирање во Карбинци, случајот е расчистен
СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје - Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.
- Имено, веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, појаснуваат во полициското соопштение.
Целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување, додаваат од министерството.
Ново на Сител
-
МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува реалната бројка на етнички Македонци во земјата
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата
-
Контраадмирал Тим Хенри: Командите на здружените сили на НАТО се отворени и за помалите земји членки
-
Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени
-
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
-
Убиена е жена во Сараево: Уапсени се сопругот и свекорот
-
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
-
СДСМ утре избира нов лидер на партијата