МВР: Кај 48 возачи во Скопје утврдено алкохол во крвта
Полициските службеници синоќа од 23 часот до 5 часот изутринава во Скопје контролирале вкупно 200 возачи, алкотестирани биле 150 возачи, а кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање.
Како што соопшти денеска МВР, се работи за зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Акцијата ја спровело Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.
По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, како штос е наведува, преземени се вкупно 144 мерки.
- Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози, а против две лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис