МВР: Гласањето без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир
Министерството за внатрешни работи оцени дека на денешното гласање од вториот круг од Локалните избори нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција истакна дека регистрирани се три случаи на фотографирање гласачко ливче, нешто, како што рече, што се случуваше и во првиот круг од гласањето кога имаше 10 случаи на фотографирање на гласачко ливче.
Фогорафирање на гласачко ливче денеска е регистрирано во Шуто Оризари во ОУ „26 Јули“, во Црниче и во Пробиштип.
Од МВР апелираат да не се фотографираат гласачките ливчиња затоа што со тоа го кршат законот и ќе бидат сакционирани.
Посочи на едно нарушување на јавниот ред и мир во Шуто Оризари каде едно лице пријавило дека е нападнато на ул „Метохиска“ од повеќе лица. Полицијата, како што рече Ангеловски, излегла на терен, приведено е едно лица и се работи на расчистување на случајот.
Упати апел до политичките партии и нивните следбеници да се воздржат од било какви инциденти, а до граѓаните да пријават доколку забележат неправилности.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“