МВР ги истражува причините за пожарот во Министерството за правда
- Во моментов МВР води истрага што се случило и како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат, а се утврдува колкава е направената штета на материјалите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој истакна дека неколку канцерарии се целосно уништени од пожарот, но, како што рече, допрва ќе се утврди до кој степен е направена штетата на одредени материјали.
- На четвртиот кат каде е најголемото оштетување се наоѓа дел од документација за меѓународна правна помош, Одделението за меѓународна првана помош, дел од сметководство и дел од секторот за финанисии на Министерство за правда, рече на денешната прес-конференција Бошњаковски.
Добро е, додаде тој, што нема повредени лица и жртви. Брзата реакција на надлежните, рече, спречила ширење на пожарот на околните згради и објекти.
Пожарот во Министерството за првда избувна вчера попладнето, а бил пријавен во 16,47 часот. Во гаснење на пожарнот интервенирале 10 возила со 25 пожарникари.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење