„Музикантите во природата“: Започна традиционалниот детски ликовен конкурс на Ладна
Големиот детски ликовен конкурс на „Ладна“ само што започна! Седма година по ред „Ладна“ ги инспирира најмладите умни глави да ја разбудат својата креативност и да ги испратат своите цртежи, за потоа да ги награди авторите на трите најдобри дела со вредни награди. Темата на конкурсот оваа година е „Музикантите во природата“.
Конкурсот и оваа година е поделен во две категории: 1) за деца од 4 до 7 години и 2) за деца од 7 до 10 години. А, кога се работи за цртежите - таму нема ограничувања. Креативните мали уметници можат да користат било каква техника, бои и секакви елементи кои ќе го направат делото живо и разиграно.
Стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи од двете поединечни категории, кои ќе бидат наградени со вредни награди. Желбата да се организира патување во Дизниленд е голема и веруваме - обострана. Меѓутоа, поради неизвесноста за патување надвор од државата и отсуство на можност да се организираат групни собири, наградите ќе бидат во парична и материјална форма, и тоа:
Прво место – две награди по 120.000 денари
Второ место – две награди по 20.000 денари
Трето место – два таблет за цртање
Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број за контакт) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“ или електронски на е-маил адресата marketing@magroni.com.mk, со наслов: „За Ладна ликовен конкурс“ (задолжително чувајте ги оригиналните цртежи), најдоцна до 5.5.2021.
Темата „Музикантите во природата“ беше одбрана со цел да ги мотивира децата да размислуваат на она што се случува надвор од домот, во природата, таму каде што животните произведуваат свои уникатни, препознатливи мелодии. Затоа, ајде да најдеме инспирација во природата и во она што ги спојува сите живи суштества во неа - водата. Којзнае, можеби токму цртежот од вашиот омилен „музичар во природата“ ќе ви ја донесе главната награда. Но, пред да почнете со цртање, напијте се Ладна голтка здрав живот!
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило