-->
-->
Мурињо: Сите ќе сакаат да играат против Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите
-->
Мурињо: Сите ќе сакаат да играат против Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите
Откако англискиот премиер лигаш Челзи, во последното коло од групната фаза, обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, тренерот на „Сините’’, Жозе Мурињо изјави дека сите клубови сега ќе сакаат да го имаат неговиот тим за противник во првата нокаут рунда.
Челзи во последното коло од групната фаза, на „Стемфорд Бриџ’’ во Лондон, го победи Порто со 2: 0, и го освои првото место во Г групата.
- Сите второпласирани екипи ќе сакаат да играат против нас или Зенит. Никој нема да ја сака Барселона за противник, никој не сака да игра против Реал или Атлетико Мадрид, ниту Баерн Минхен, изјавил Мурињо за британските медиуми.
Актуелниот англиски шампион, оваа сезона не ги постигнат очекуваните резултати, а по 15 одиграни натпревари во Премиер лигата во кои претрпе осум порази е на 14 место на табелата.
Британските медиуми шпекулираат дека сопственикот на „Сините’’, Роман Абрамович можеше да му врачи отказ на Португалецот поради слабите резултати, особено ако тимот не се квалификува за следното коло од Лигата на шампионите.
Кој ќе биде противник на Челзи во осминафиналето ќе биде познато во понеделник, кога од 12 часа во Нион, ќе биде извршена ждрепката. Можни противници на англискиот првак се: Париз Сен Жермен, ПСВ Ајндховен, Бенфика, Јувентус, Рома или Гент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива