-->
-->
Мурињо нуди 200 милиони за Нејмар
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, како што пренесува каталонскиот весник Sport, бил подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на Нејмар која изнесува неверојатни 200 милиони евра.
Истиот извор наведува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди годишна плата на Бразилецот од 25 милиони евра, што е многу повеќе од 16 милиони евра колку што заработува во Барса и „10-ката “ на Вејн Руни, кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
Нејмар неодамна го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, но Sport пишува дека доколку ваква понуда за Бразилецот пристигне на „Ноу Камп“, дека никој во клубот нема да остане рамнодушен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари