Мултисензорна изложба на Ирена Пејовиќ во МСУ
Во Музејот на современа уметност вечер од 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Ти си мобилна архитектура“ на Ирена Пејовиќ.
Музејот информира дека се работи за мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на луѓето.
Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање.
- Во нејзините дела публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните, наведува МСУ во најавата за изложбата која ќе може да се посети до 18 јули.
Ирена Пејовиќ (Гевгелија, 1981) живее и работи во САД. Дипломирала и магистрирала ликовна уметност на Државниот универзитет „Монтклер“. Во 2016 година била дел од перформансот SWIM на американскиот уметник Роберт Витман, презентиран во Галеријата „Фридман“ во Њујорк. Таа е вонреден професор на Државниот универзитет „Монтклер“ и на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси.
Ново на Сител
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата