Свет
27. September 2016 - 22:15

Мултинационалната бригада на НАТО ќе функционира во Крајова

Мултинационалната бригада на НАТО ќе дејствува во јужниот романски град Крајова, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис.

Во рамки на мултинационалната бригада на Алијансата ќе биде втората пешадиска бригада на романската армија.

Романскиот претседател не наведе детали до каде се преговорите и кои држави со колкав број војници ќе учествуваат во мултинационалната бригада.

- Во 2017 година ќе биде објавен првичниот капацитет на бригадата, што значи дека ќе биде оперативна до 2018 година, како најоптимистично сценарио, наведе Јоханис.