Ракомет
12. March 2021 - 9:09

Мукаетов им ја честита на репрезентативците победата над Данска

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, синоќа отиде во соблекувалната на репрезентативците да им ја честита големата победа над светскиот првак Данска.

„Црвено-жолтите“ во СЦ „Борис Трајковски“ предводени од селекторот и капитен Кирил Лазаров со 33:29 го поразија големиот фаворит и направија голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2022.

Македонските ракометари покажаа дека имаат квалитети да се „носат“ со најдобрите. Секако голема заслуга за тоа има РФМ со Мукаетов на чело, обезбедувајќи за сите македонски репрезентации врвни услови за подготовки и секаква друга логистичка поддршка.